Вклучување/исклучување
За мерење, отворете го заштитното капаче (1). За време на работата, внимавајте на тоа инфрацрвениот сензор да не се затвори или покрие.
За вклучување на мерниот уред притиснете на копчето за вклучување/исклучување (9). На екранот (14) се појавува стартна секвенца. По стартната секвенца, мерниот уред веднаш започнува со мерењето и континуирано продолжува сѐ до исклучување.
Напомена: во првите минути, мерниот уред може почесто самостојно да се приспособува бидејќи температурата на сензорот и околната температура сè уште не се прилагодени. Новото приспособување на сензорот овозможува прецизно мерење.
За ова време, температурниот приказ може да се означи со ~. За време на израмнувањето на сензорот, термалната слика кратко се замрзнува. При силни флуктуации на околната температура, овој ефект се засилува. Затоа, доколку е можно вклучете го мерниот уред неколку минути пред почеток на мерењето, за да може термички да се стабилизира.
За исклучување на мерниот уред, повторно притиснете на копчето за вклучување/исклучување (9). Мерниот уред ги зачувува сите поставки и тогаш се исклучува. За сигурен транспорт на мерниот уред, затворете го заштитното капаче (1).
Во главното мени може да изберете дали и по колку време автоматски да се исклучи мерниот уред види Главно мени.
Доколку батеријата или мерниот уред се наоѓаат надвор од границите на температурата наведена во Технички податоци, тогаш мерниот уред автоматски се исклучува по кратко предупредување види Дефект – причини и помош. Оставете го мерниот уред да се истемперира и потоа повторно вклучете го.