Преклопување на термална и реална слика
За подобра ориентација (= просторно доделување на прикажаната термална слика), визуелната реална слика може дополнително да се вклучи и кога температурните опсези се израмнети.
Напомена: преклопувањето на реалната и термалната слика е точно покриено на оддалеченост од 0,55 m. Ако растојанијата до мерниот објект се разликуваат, ќе има поместување помеѓу реалната и термалната слика. Ова поместување може да се израмни со GTC Transfer Software.
Мерниот уред ви ги нуди следните можности:
-
100 % инфрацрвена слика
Се прикажува само термалната слика. - Слика во слика
Прикажаната термална слика се пресекува и останатиот дел е прикажан како вистинска слика. Оваа поставка го подобрува локалното доделување на мерното поле. - Транспарентност
Прикажаната термална слика транспарентно се прикажува преку реалната слика. На тој начин, може подобро да се препознаат предмети.
Со притискање на копчињата со стрелки на (5) или од (10), може да ја изберете поставката.