Менување на главата за дупчење

Запчестата глава за дупчење (1) е заштитена од невнимателно олабавување на вретеното за дупчење со сигурносната завртка (10).

Отворете ја запчестата глава за дупчење (1) и одвртете ја сигурносната завртка (10) во правец на стрелките на часовникот. Внимавајте сигурносната завртка да има лев навој.

Доколку сигурносната завртка (10) е заглавена, ставете одвртувач на главата на завртката и олабавете ја сигурносната завртка со удар на дршката на одвртувачот.

За да ја демонтирате запчестата глава за дупчење прицврстете еден клуч со внатрешна шестаголна глава (11) во запчестата глава за дупчење (1).

Поставете го електричниот алат на стабилна подлога, на пр. на работна клупа. Држете го цврсто електричниот алат и олабавете ја запчестата глава за дупчење (1) со вртење на клучот со внатрешна шестаголна глава (11) во правец спротивен на стрелките на часовникот.

Доколку запчестата глава за дупчење е јако зацврстена, ќе ја олабавите со лесен удар на долгото вретено на клучот со внатрешна шестаголна глава (11). Извадете го клучот со внатрешна шестаголна глава од запчестата глава за дупчење и целосно одвртете ја запчестата глава за дупчење.

Монтажата на запчестата глава за дупчење ќе ја извршите по обратен редослед.

Главата за дупчење мора да биде зацврстена со вртежен момент од околу 10–15 Nm.

Завртете ја сигурносната завртка (10) во правец спротивен на стрелките од часовникот во отворената запчеста глава. Секогаш користете нова сигурносна завртка, бидејќи на нејзиниот навој има нанесено сигурносна леплива маса, која при повеќекратна употреба не делува повеќе.