Ставање во употреба
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на всисувачот. Всисувачите означени со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
- Информирајте се за важечките одредби/закони во Вашата земја во однос на постапувањето со честички прав што се штетни по здравјето.
Всисувачот може да се користи за всисување и издувување на следните материјали:
- Прав со гранична вредност на изложеност > 1 mg/m3
Во основа, всисувачот не смее да се користи во простории каде постои опасност од експлозија.
За да се загарантира оптимален капацитет на всисување мора секогаш целосно да го одвиткувате цревото за всисување (17) од горниот дел на всисувачот (6).