Ставање во употреба

Подесување на длабочината на стругање

Со вртливото копче (2) може да се подеси длабочината на стругање бесстепено од 0–2,6 mm со помош на скалата за длабочина на стругање (1) (поделба на скалата = 0,1 mm).

Вклучување/исклучување

За ставање во употреба на електричниот алат најпрво активирајте ја блокадата при вклучување (4) и потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5) и држете го притиснат.

За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (5).

Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за вклучување/исклучување (5) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.