Основни поставки

Мерниот уред ги нуди следните основни поставки:

Менување на мерната единица

Основната поставка е мерната единица „m“ (метар).

  1. Вклучете го мерниот уред.
  2. Притиснете и задржете го копчето  додека не се прикаже менито за избирање мерни единици.
  3. Притиснете на копчето , за да ја смените мерната единица.
  4. За да го потврдите изборот, притиснете го копчето .
  1. По исклучување на мерниот уред, избраната поставка останува зачувана.

Дополнителни информации

Тука ќе најдете информации за мерниот уред како на пр. сериски број, верзија на софтвер и лиценца, правни информации, како и QR-кодот за онлајн упатството за користење. Може исто така да го ресетирате мерниот уред на фабричките поставки.

  1. При вклучување на мерниот уред, истовремено притиснете и задржете ги копчињата  и  додека не се прикажат дополнителни информации.
  2. Со копчето  навигирајте до саканиот запис и потврдете со притискање на копчето .