Вметнување/менување на батеријата

За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии или никел-метал хидридни батерии (особено при ниски оперативни температури).

Во зависност од капацитетот, можни се повеќе мерења со батерии од 1,2 V отколку со батерии од 1,5 V.

  1. Отворете го капакот на преградата за батерии.
  2. Ставете ги батериите одн. акумулаторските батерии внатре.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.

Доколку ознаката за празна батерија се појави за првпат на екранот и трепка, тогаш можни се уште само мал број на мерења. Заменете ги батериите одн. акумулаторските батерии.