Отстранување на пречки

Проблем

Помош

Турбината за всисување не работи.

  • Проверете ги струјниот кабел, приклучокот за струја, осигурувачот и приклучницата.

Прекинувачот за избор на режим на работа (1) стои на „Старт/Стоп автоматика“.

  • Поставете го прекинувачот за избирање на режим на работа (1) на ознаката „Всисување“ одн. вклучете го приклучениот електричен алат на приклучницата (2).

Турбината за всисување повторно не работи и по празнењето на садот.

  • Исклучете го всисувачот и почекајте 5 секунди и потоа повторно вклучете.

Се губи силата на всисување.

  • Испразнете го садот (7).
  • Отстранете ја блокадата од млазницата за всисување, цевката за всисување (26), цревото за всисување (15) или главниот филтер (20).
  • Заменете ја пластичната ќеса (19) или ќесата за прав.
  • Правилно вклопете го држачот за филтер (29).
  • Правилно поставете го горниот дел на всисувачот (10) и затворете ги капачињата (9).
  • Заменете го пред-филтерот (22), главниот филтер (20) или филтерот за влага (21).

Излегува прав при всисувањето

  • Проверете го правилното вградување на главниот филтер (20).
  • Заменете го главниот филтер (20).

Автоматиката на исклучување (всисување на влажни материи) не реагира.

Кај електрични неспроводливи течности или при создавање на пена не функционира автоматиката на исклучување.

  • Постојано контролирајте на состојбата на наполнетост.

Полуавтоматското чистење на филтерот не работи

  • Испразнете го садот (7).