Ставање/вадење на пластичната ќеса или ќесата за прав (всисување на суви материи)
За всисување на суви материи можете да користите пластична ќеса (19) или ќеса за прав (опрема) во садот (7). Со тоа се олеснува складирањето на груби нечистотии.
- Отворете ги затворачите (9) и извадете го горниот дел на всисувачот (10) (види слика C).
- Извадете го пред-филтерот (22) со помош на рачката (28) од садот (7).
- Ставете ја пластичната ќеса (19) со отворот за полнење нагоре во садот (7). Прицврстете ја пластичната ќеса под отворот за всисување (31) со помош на стегите (32).
- Проверете дали пластичната ќеса (19) е целосно налегната на внатрешните ѕидови на садот (7).
- Наместете го остатокот од пластичната ќеса (19) преку работ на садот (7).
- Вметнете го пред-филтерот (22) со стрелките во правец на прифатот за црево (3) во садот (7).
- Вметнете го горниот дел на всисувачот (10) и затворете ги затворачите (9).
- Отворете ги затворачите (9) и извадете го горниот дел на всисувачот (10) (види слика C).
- Извадете го пред-филтерот (22) со помош на рачката (28) од садот (7).
- Извлечете го работ на полната пластична ќеса (19) наназад од стегите (32).
- Внимателно извадете ја пластичната ќеса (19) од садот (7) без да ја оштетите.
- Внимавајте на тоа, пластичната ќеса да не стрчи на отворот за всисување (31) или на другите остри предмети.
- Отворете ги затворачите (9) и извадете го горниот дел на всисувачот (10) (види слика C).
- Извадете го пред-филтерот (22) со помош на рачката (28) од садот (7).
- Извлечете ја полната ќеса за прав (19) наназад од приклучната прирабница. Затворете го отворот на ќесата за прав со затворање на капакот. Извадете ја затворената ќеса за прав од садот (7).
- Наместете ја новата ќеса за прав на приклучната прирабница на всисувачот. Проверете дали ќесата за прав по целата должина налегнува на внатрешниот ѕид од садот(7).
- Вметнете го пред-филтерот (22) со стрелките во правец на прифатот за црево (3) во садот (7).
- Вметнете го горниот дел на всисувачот (10) и затворете ги затворачите (9).