Вметнување/вадење на филтерот за влага
За полесно отстранување, при всисување на мешавина од вода и цврсти материјали всисувачот содржи филтер за влага (21), кој ќе ја одвои водата од цврстите материјали.
Вметнување на филтерот за влага (види слика F1)
- Отворете ги затворачите (9) и извадете го горниот дел на всисувачот (10) (види слика C).
- Свртете го држачот на филтер (29) до крај во правецот на вртење и извадете го држачот за филтер заедно со главниот филтер (20) од горниот дел на всисувачот (10).
- Целосно ставете го филтерот за влага (21) на корпата за филтер (30).
- Вметнете го горниот дел на всисувачот (10) и затворете ги затворачите (9).
Вадење на филтерот за влага (види слика F2)
- Отворете ги затворачите (9) и извадете го горниот дел на всисувачот (10) (види слика C).
- Извадете го филтерот за влага (21) од корпата за филтер (30).
- Ставете го држачот на филтерот (29) заедно со главниот филтер (20) преку корпата за филтер (30) и свртете го држачот на филтерот (29) до крај во правецот на вртење .
- Вметнете го горниот дел на всисувачот (10) и затворете ги затворачите (9).