Монтирање на цревото за всисување
Функција на всисување (види слика B1)
- Ставете го цревото за всисување (15) во прифатот за црево (3) и свртете го до крај во правецот на вртење .
Напомена: При всисувањето, поради триењето на правта во цревото и опремата за всисување настанува електростатичко полнење, што корисникот го чувствува во форма на статичко празнење (во зависност од влијанијата на околината и телесната чувствителност).
Во основа, Bosch препорачува антистатичко црево за всисување (опрема) при всисување на ситна прав и суви материјали.
Функција на издувување (види слика B2)
- Всисувачот располага со функција за издувување. Не го издувувајте испуштениот воздух во слободен простор. Користете ја функцијата за издувување само со чисто црево. Правта може да биде опасна по здравјето.
За функцијата на дување користете го само цревото за издувување прикажано овде (34) (опрема) со соодветниот приклучок. Испорачаното црево за всисување не смее да се користи за издувување.
- Вклучете го всисувачот најмалку 5 s (прекинувач за вклучување/исклучување (1) на ознаката „Всисување“), за да го исчистите цревото за всисување (15) од наталожената прав.
- Свртете го цревото за всисување (15) до крај во правец на вртење и извлечете го од прифатот за црево (3).
- Ставете го цревото за издувување (34) во прифатот за црево (13) и свртете го до крај во правецот на вртење .