Менување на главата за дупчење

Вадење на заменливата глава за дупчење (види слика A)

  • Извлечете го наназад прстенот за заклучување на заменливата глава за дупчење (6) држете го цврсто во оваа позиција и извлечете ја нанапред SDS plus-заменливата глава за дупчење (2) одн. брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење (1).
  • Откако ќе ја извадите, заштитете ја заменливата глава за дупчење од нечистотија.

Вметнување на заменливата глава за дупчење (види слика A)

  • Исчистете ја заменливата глава за дупчење пред да ја ставите и подмачкајте го лесно крајот за вметнување.
  • Фатете ја SDS plus-заменливата глава за дупчење (2) одн. брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење (1) со целата рака. Вметнете ја заменливата глава за дупчење со вртење во прифатот за главата за дупчење , додека не слушнете дека е вклопена.
  • Резервната глава за дупчење сама се заклучува. Проверете дали е заклучена со влечење на резервната глава за дупчење.