Поставување на број на вртежи
- Пред почетокот на работата, поставете го точниот број на вртежи. Бројот на вртежи мора да биде соодветен со дијаметарот на дупчење и материјалот што треба да се дупчи. Доколку се постави погрешен број на вртежи, алатот што се вметнува може да се оштети или да се заглави во делот што се обработува.
Механички избор на брзини
- Прекинувач за избор на брзина (19) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од.
Со прекинувачот за избор на брзини (19) може да изберете 2 брзини.
Брзина I:
Низок опсег на вртежи; за работење со голем дијаметар на дупчење.
Брзина II:
Висок опсег на вртежи; за работење со голем дијаметар на дупчење.
- Притиснете го копчето за отклучување (18) и свртете го прекинувачот за избирање на брзина (19) во саканата позиција.
- Ако прекинувачот за избирање на брзина не може да се сврти, свртете го малку алатот за вметнување и потоа сменете во саканата позиција.
Регулатор на вртежи
Со копчето за подесување на бројот на вртежи (2) може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот.
Потребниот број на вртежи зависи од алатот за вметнување што се користи и материјалот што треба да се обработи. Ова ќе спречи прекумерно загревање на електричниот алат при дупчење и гарантира висок квалитет на дупчењето.
Претходно избирање на број на вртежи | Алат за вметнување |
---|---|
Брзина I: | Крунеста бургија (Ø 35−50 mm), навојна бургија |
Брзина II: | Спирална бургија, крунеста бургија (Ø < 35 mm) |