Ставање во употреба
- Внимавајте капакот (11) наBluetooth® Low Energy модулот GCY 42 да биде затворен за време на работата. На тој начин ќе избегнете влегување на прав.
Со комбинираниот прекинувачот (5) изберете го начинот на работа на електричниот алат.
Напомена: Променете го режимот на работа само доколку електричниот алат е исклучен! Инаку електричниот алат може да се оштети.
Напомена: Ако се префрлите на друг режим на работа додека прекинувачот за вклучување/исклучување е блокиран, електричниот алат ќе се исклучи.
- За промена на режимот на работата свртете го комбинираниот прекинувачот (5) во саканата позиција, додека не слушнете дека се вклопил.
Позиција за ударно дупчење во бетон или камен
Позиција за Десен тек за олабавување на алатот за вметнување од делот што се обработува
Позиција Vario-Lock за подесување на позицијата на длетото.
Позиција за Длетување
- По можност, олабавете го копчето за фиксирање (7) за прекинувачот за вклучување/исклучување.
- За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (9).
Светлото свети доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (9) е половично или целосно притиснат и овозможува осветлување на работното поле при неповолни светлосни услови.
- За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (9).
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (9).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (9) се постигнува мал број на вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари.
Бројот на вртежи може да го регулирате преку корисничкиот интерфејс одн. преку апликацијата на паметниот телефон.
Длетото може да го фиксирате во 16 позиции. Притоа, може да ја користите оптималната работна позиција.
- Ставете го длетото во прифатот за алат.
- Свртете го комбинираниот прекинувач (5) во позиција „Vario-Lock“.
- Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција за длетување.
- Свртете го комбинираниот прекинувач (5) во позиција „Длетување“. Со тоа, прифатот за алат ќе се фиксира.
За подолго време да длетувате без постојано да го притискате прекинувачот за вклучување/исклучување (9), заклучете го прекинувачот за вклучување/исклучување во начинот на работење „Длетување “.
- За фиксирање притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (9) до крај и притиснете истовремено на копчето за фиксирање (7).
- За исклучување повторно притиснете на копчето за фиксирање (7).