Монтирање на брусни алати
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
- Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки.
Напомена: Проверете дали испорачаната стезна прирабница (35) е правилно монтирана според сликата C.
Проверете го вметнатиот O-прстен (36) да не е оштетен и дали е правилно монтиран според сликата C. Заменете го оштетениот О-прстен (36).
Напомена: Се препорачува употреба на брзозатезна навртка (16). При употребата на затезната навртка (15) мора да сметате на зголемената употреба на сила при олабавување на затезната навртка.
Исчистете го вретеното за брусење (25) и сите делови за монтирање.
За зацврстување и олабавување на брусните алати притиснете го копчето за блокирање на вретеното (1), за да го зацврстите вретеното за брусење.
- Притиснете го копчето за блокирање на вретеното само кога вретеното за брусење е во состојба на мирување. Инаку електричниот алат може да се оштети.
Брусни плочи/брусни плочи за сечење
Внимавајте на димензиите на алатите за брусење. Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја стрелката за правец на вртење на погонската глава).
Редоследот на монтажата може да се види на графичката страница.
За зацврстување на брусната плоча/дискот за сечење завртете ја затезната навртка (15) и затегнете ја со клуч со два отвора.
- По монтажата на алатот за брусење, пред вклучувањето, проверете дали тој е точно монтиран и дали може слободно да се врти. Проверете дали алатот за брусење не струга на заштитната хауба или другите делови.
Брзозатезна навртка
За едноставна промена на алатот за брусење без користење на други алати, наместо затезната навртка (15) можете да употребите брзозатезна навртка (16).
- Брзозатезната навртка (16)смее да се користи само за брусни плочи или дискови за сечење.
Користете само беспрекорни, неоштетени брзозатезни навртки (16).
При затегнување внимавајте на тоа, страната со натпис на брзозатезната навртка (16) да не покажува кон брусната плоча; туку стрелката мора на ознаките на индекс (37) да покажува.
Притиснете на копчето за блокирање на вретеното (1), за да го зацврстите вретеното за брусење. За да ја зацврстите брзозатезната навртка, силно завртете ја брусната плоча во правец на стрелките на часовникот.
Прописно зацврстената, неоштетена брзозатезна навртка може да ја олабавите со вртење на нарецканиот прстен во правец спротивен на стрелките на часовникот. Цврсто затегнатата брзозатезна навртка никогаш не ја одвртувајте со клешти, туку употребете клуч со два отвори. Поставете го клучот со два отвори како на сликата.