Начини на работа
- Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Подесување на осцилации
Осцилациите што се подесуваат на четири нивоа овозможуваат оптимално прилагодување на брзината, капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се обработува.
Со рачката за подесување (8) можете да ги поставите осцилациите и за време на работата.
Ниво 0 | нема осцилации |
Ниво I | мали осцилации |
Ниво II | средни осцилации |
Ниво III | големи осцилации |
Оптималниот степен на осцилирање за односната примена може да се одреди со практичен обид. Притоа важат следните препораки:
- Доколку го изберете степенот на осцилирање што помал одн. целосно го исклучите, толку ќе биде подобар и почист исечениот раб.
- При обработка на тенки материјали (на пр. лимови) исклучете го осцилирањето.
- Кај тврди материјали (на пр. челик) работете со мало осцилирање.
- Кај меки материјали и при сечење на дрво може да се работи со максимално осцилирање.
Подесување на аголот на закосување (види слика G)
Основната плоча (9) може да се навали кон десно или кон лево за сечење под агол до 45°.
Заштитниот капак (16) и заштитата од кинење (15) не можат да се вметнат при сечење со закосување.
- Лесно притиснете ги нагоре млазниците за всисување (17) и извадете ги од основната плоча (9).
- Извадете ги заштитниот капак (16) и заштитата од кинење (15).
- Олабавете ја завртката (19) со внатрешен шестаголен клуч (4) и вметнете ја лесно основната плоча докрај (9) во правец на листот за пилата (10).
- За подесување на прецизен агол на косо сечење, основната плоча од десната и левата страна има точки за вклопување на 0° и 45°. Навалете ја основната плоча (9) согласно скалата (20) во саканата позиција. Другите сечења под агол може да се подесат со помош на агломер.
- Потоа притиснете ја основната плоча (9) докрај во правец на батеријата.
- Повторно затегнете ја завртката (19).