Ознаки

Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат.

Ознаки и нивно значење

Класа 1
Потрошувачки ласерски производ

Не посегнувајте со дланките во полето на сечење, додека работи електричниот алат. Доколку дојдете во контакт со сечилото за пила постои опасност од повреда.

Носете маска за заштита од прав.

Носете заштитни очила.

Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот.

Опасна зона! Држете ги дланките, прстите или рацете колку е можно подалеку од оваа зона.

При сечење со закосување, подесливата гранична водилка мора да се повлече нанадвор.

Деловите што се обработуваат мора да се потпрат или да се постават на продолжетоците на масата за пила.

Внимавајте на димензиите на листот за пилата. Дијаметарот на отворот мора точно да биде наместен на вретеното на алатот. Доколку е неопходно користење на редуцирни делови, внимавајте димензиите на редуцирниот дел да одговараат на дебелината на листот за сечење и на дијаметарот на отворот на листот за пилата, како и на дијаметарот на вретеното на алатот. Доколку е можно, со листот за пилата користете ги испорачаните редуцирни делови.

Дијаметарот на сечилото за пила мора да одговара на податоците на ознаката.

Затегнувачкиот лост е затворен:
Ќе се задржи поставениот вертикален агол на закосување на кракот на алатот.

Затегнувачкиот лост е отворен:
Може да се поставуваат вертикални агли на закосување.