Начини на работа
- Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Осцилациите што се подесуваат на четири нивоа овозможуваат оптимално прилагодување на брзината, капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се обработува.
Со рачката за подесување (15) можете да ги поставите осцилациите и за време на работата.
Ниво 0 | нема осцилации |
Ниво I | мали осцилации |
Ниво II | средни осцилации |
Ниво III | големи осцилации |
Оптималниот степен на осцилирање за односната примена може да се одреди со практичен обид. Притоа важат следните препораки:
- Доколку го изберете степенот на осцилирање што помал одн. целосно го исклучите, толку ќе биде подобар и почист исечениот раб.
- При обработка на тенки материјали (на пр. лимови) исклучете го осцилирањето.
- Кај тврди материјали (на пр. челик) работете со мало осцилирање.
- Кај меки материјали и при сечење на дрво може да се работи со максимално осцилирање.
Основната плоча (12) може да се навали кон десно или кон лево за сечење под агол до 45°.
Заштитниот капак (19), млазниците за всисување (20) и заштитата од кинење (18) не можат да се вметнат при сечење со закосување.
- Лесно притиснете ги надолу млазниците за всисување (20) и извлечете ги од основната плоча (12).
- Извадете ги заштитниот капак (19) и заштитата од кинење (18).
- Олабавете ја завртката (22) со внатрешен шестаголен клуч (11) и лесно вметнете ја основната плоча (12) до крај во правец на батеријата.
- За подесување на аголот на закосување навалете ја основната плоча (12) соодветно на скалата (23) во саканата позиција. Другите агли на косо сечење може да се подесат со помош на агломер.
- Потоа притиснете ја основната плоча (12) до крај во правец на сечилото за пила (17).
- Повторно затегнете ја завртката (22).
За сечење во близина на рабовите можете наназад да ја поместите основната плоча (12).
Олабавете ја завртката на основната плоча (22) со внатрешен шестаголен клуч (11) и вметнете ја основната плоча (12) до крај во правец на батеријата (8).
Повторно затегнете го шрафот (22).
Сечењето со поместена основна плоча (12) е можно само со агол на косо сечење од 0°. Освен тоа, не смеат да се користат и паралелниот граничник со кружен секач (26) (опрема) и заштитата од кинење (18).
Со струењето на воздухот на уредот за оддувување на струготини може да се одржува чиста линијата на резот од струготини.
Вклучување на уредот за оддувување на струготините: Притискајте го прекинувачот (14) за работа со големи количини на отстранет материјал во дрво, пластика итн. во насока на млазниците за всисување.
Исклучување на уредот за оддувување на струготините: Притискајте го прекинувачот (14) за работа во метал како и приклучениот систем за всисување прав во насоката на сечилото на пилата.