Ставање во употреба
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
- Прекинувачот за менување на правецот на вртење (5) активирајте го само кога електричниот алат е во мирување.
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (5) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (4) е притиснат ова не е возможно.
Десен тек: За дупчење и завртување на завртки притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (5) налево до крај.
Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на завртки и навртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (5) на десно до крај.
За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) и држете го притиснат.
За фиксирање на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување (4) притиснете го копчето за фиксирање (3).
За да го исклучите електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) одн. доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (3), кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) и потоа отпуштете го.
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (4).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (4) се постигнуваат мал број на вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари.