Промена на алат
- При менување на алатот носете заштитни ракавици. За време на долготрајни работни процеси, главата за дупчење може да се вжешти.
Запчеста глава за дупчење (види слика B)
Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење (1), додека не се отвори за да може да вметне алатот. Вметнете го алатот.
Клучот за затегнување на главата за дупчење (9) ставете го во соодветните отвори на запчестата глава за дупчење (1) и рамномерно затегнете го алатот.
Алати за навртување (види слика C)
При користење на битови за одвртувачот (10) секогаш треба да користите универзален држач за битови (11). Користете само битови што се соодветни на главата за навртување.
За навртување секогаш поставувајте го прекинувачот „Дупчење/ударно дупчење“ (2) на ознаката „Дупчење“.