Фиксна или флексибилна монтажа
- За да се овозможи безбедно ракување, електричниот алат мора да се монтира пред употребата на рамна и стабилна работна површина (на пр. работна клупа).
Монтажа на работна површина (види слика A)
- Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки на работната површина. За тоа служат отворите (10).
Флексибилна инсталација (не се препорачува!)
Доколку, во поединечни случаи, не е возможно електричниот алат да се монтира цврсто на работна површина, може да ги монтирате ногарките на основната плоча (11) на соодветна подлога (на пр. работна клупа, рамен под), без да го зацврстувате електричниот алат.