Всисување на влажни материи
- Со всисувачот не всисувајте запаливи или експлозивни течности, на пр. бензин, масло, алкохол, средства за растворање. Не всисувајте жешка, запалива или експлозивна прав. Не го користете всисувачот во простории каде постои опасност од експлозија. Правта, пареата или течностите може да се запалат или да експлодираат.
- Всисувачот не смее да се користи како водена пумпа. Всисувачот е наменет за всисување на мешавини од воздух и вода.
Работни чекори пред всисување на влажни материи
- Отворете ги затворачите (7) и извадете го горниот дел на всисувачот (6).
- По потреба отстранете ја вреќичката за отпад (20) или ќесата за прав.
- По потреба испразнете го садот (1).
- Вметнете го горниот дел на всисувачот (6) и затворете ги затворачите (7).
Всисување на течности
- Вклучете го всисувачот.
Всисувачот е опремен со пловка. Откако ќе се постигне максималната висина на полнење, всисувањето ќе се прекине.
- Исклучете го всисувачот.
- Испразнете го садот (1).
За да се избегне создавање на мувла по всисување на влажни материи:
- Извадете го горниот дел на всисувачот (6), извадете го набраниот филтер (28) и оставете сè добро да се исуши.