Складирање и транспорт

Чување на елементите на уредот (види слики O1O5)

Електричниот алат Ви нуди можност сигурно да ги прицврстите елементите на уредот при чување.

Слика

Елемент на уредот

Депо за чување

O1

Заштитниот поклопец

закачете го во делот на држачот (33) и затегнете со затезниот лост (37)

O2

Сетот за прицврстување „Дополнителен паралелен граничник“ (42)

закачете го во држачите (69)

O2

Адаптерот за всисување (32)

вовлечете го во стегите (70)

O3

Прстенестиот клуч (22)

прицврстете го со навртката за прицврстување (71) во депото на алатот

O3

Подвижната водечка летва (23)

закачете ја над навртката за прицврстување (71) и прицврстете ја со поместување

O4

Паралелниот граничник (9)

свртете го, закачете го од долу во шините-водилки и фиксирајте ја затегнувачката дршка (39)

O5

Клуч со внатрешна шестаголна глава (21)
Клучот со внатрешна шестаголна глава (20)

вметнете го во држачите (72)

O5

Аголен граничник (3)

вовлечете го во стегите (73)

O5

Дополнителниот паралелен граничник (41)

вовлечете го во стегите (30) (кратката страна нагоре; долгата страна наназад)

Носење на електричниот алат

Пред транспортот на електричниот алат мора да ги извршите следните чекори:

  • Подесете го електричниот алат во транспортна позиција.
  • Отстранете ги деловите на опремата, кои не може цврсто да се монтираат на електричниот алат.
    Ставете ги неискористените сечила за пила во затворена кутија, доколку сакате да ги транспортирате.
  • Притиснете на проширувањето на масата за сечење (13) целосно навнатре и притиснете на затезната дршка (15) за фиксирање надолу.
  • Завиткајте го струјниот кабел околу држачот за кабел (29).
  • За подигање или транспорт користете ги рачките за носење (12).