Подесување на дополнителен паралелен граничник (види слика E)
За сечење на тесни предмети и за сечење под вертикален агол на закосување мора да се монтира дополнителен паралелен граничник (41) на паралелниот граничник (9).
По потреба, дополнителниот паралелен граничник може да се монтира на левата или десната страна на паралелниот граничник (9).
Деловите за обработка може да се заглават помеѓу паралелниот граничник и сечилото за пила при сечењето и да го зафати и исфрли сечилото за пила.
Затоа дополнителниот паралелен граничник наместете го на тој начин што крајот на водилката ќе завршува во полето помеѓу предниот забец на сечилото за пила и предниот раб на клинот за расцепување.
- Олабавете ги сите пеперутка-навртки од сетот за прицврстување (42) и поместете го дополнителниот паралелен граничник додека само двете предни завртки ќе служат за прицврстување.
- Повторно затегнете ги пеперутка-навртките.