Употреба на сетови за префрлање
Префрлање од HSS во HM/TC
Со HM/TC-адаптерот може да се вгради ренде опремено со HSS-сечила на HM/TC-сечилото за ренде.
- Одвртете ги 3-те завртки за прицврстување (14) со Torx-клучот (13) и извадете ја стезната челуст (15).
- Извадете го заштитниот држач (19) заедно со сечилото на рендето (18) од главата на сечилото (16) одн. водечкиот жлеб (17).
- Извадете ги завртките (20).
- Поставете ги заштитниот држач (19) и адаптерот (37) во мерилото за подесување (22). Заштитниот држач (19) мора да се вклопи во жлебот на мерилото за подесување (види слика S).
- Ставете го HM/TC-сечилото за ренде (23) странично во адаптерот (37). Лентата на адаптерот (37) мора да се заглави во жлебот на HM/TC-сечилото за ренде (види слика S).
- Цврсто затегнете ги завртките (20).
- Ставете го заштитниот држач (19) заедно со адаптерот (37) и сечилото на рендето (18) во главата на сечилото (16) одн. во водечкиот жлеб (17).
- Поставете ја стезната челуст (15) и цврсто свртете ја завртката за прицврстување (14).
- Сечилото на рендето мора да се вгради во средината на подлогата на рендето (11) и да се центрира. На крај затегнете ги 3-те завртки за прицврстување (14) со Torx-клучот (13). Притоа придржувајте се до наведениот редослед на затегнување на стезната челуст (15) (①②③).
Префрлање од HM/TC во HSS
Рендињата опремени со HM/TC-сечила може да се сменат во HSS-сечила за ренде.
- Одвртете ги 3-те завртки за прицврстување (14) со Torx-клучот (13) и извадете ја стезната челуст (15).
- Извадете го заштитниот држач (19) заедно со сечилото на рендето (18) одн. HM/TC-адаптер (37) од главата на сечилото (16).
- Извадете ги завртките (20).
- Монтирајте го составеното HSS-сечило за ренде види Монтирање на сечилото за ренде (види слики E–F) и израмнете го на средината на подлогата на рендето (11).
- Поставете ја стезната челуст (15) и затегнете ги 3-те завртки за прицврстување (14) со Torx-клучот (13). Притоа придржувајте се до наведениот редослед на затегнување на стезната челуст (15) (①②③).