Одржување и чистење
- Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
- Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Олабавете го држачот на рендето при паузирање (32) и чистете го редовно.
Откако ќе се искористат карбонските четки, електричниот алат сам се исклучува. За одржување, електричниот алат мора да се испрати во сервисната служба, видете ги адресите во дел „Сервисна служба и совети при користење“.
Замена на погонскиот ремен (види слики Q–R)
Одвртете ја завртката (8) и извадете го поклопецот на ременот (9). Извадете ги изабените погонски ремени (33).
Пред да монтирате нов погонски ремен (33) исчистете ги двете тркала за ременот (34) и (35).
Новиот погонски ремен (33) поставете го најпрво на помалото тркало (35) и потоа навлечете го (рачно) погонскиот ремен (33) со вртење на поголемото тркало (34).
Погонскиот ремен (33) треба прецизно да поминува во жлебовите на тркалата на ременот (34) одн. (35).
Поставете го поклопецот на ременот (9) и затегнете ја завртката (8).