Напомени за работењето

LED-работното светло (13) ја подобрува видливоста на непосредното работно место. Автоматски се вклучува со притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (12).

Со прстенот за закачување (3) можете да го прицврстите електричниот алат на уред за закачување (на пр. на производствена линија).

  • За таа цел, преклопете го прстенот за закачување (3) нагоре.
  • Редовно контролирајте ја состојбата на прстенот за закачување и куките на уредот за закачување.

Со токата на ременот (7) може лесно да го закачите електричниот алат на вашиот ремен.