Безбедносни напомени за пили за сечење на метал
- Утврдената брзина на дополнителната опрема мора да биде најмалку еднаква на максималната брзина означена на електричниот алат. Дополнителната опрема која работи побрзо од утврдената брзина може да експлодира и да се распрска насекаде.
- Надворешниот дијаметар и дебелина на вашата дополнителна опрема мора да биде во рамките на класата на вашиот електричен алат. Дополнителна опрема со несоодветна величина не може соодветно да се заштити и контролира.
- Носете лична заштитна опрема. Во зависност од примената, користете штитник за лице, безбедносни или заштитни очила. Како што е соодветно, носете маска за заштита од прашина, штитници за уши, ракавици и работничка престилка којашто ги запира малите абразивни парчиња или парчиња од делот што го обработувате. Заштитата за очи мора да овозможи спречување на остатоци што се распрскуваат при работењето. Маската против прав или респираторот мора да ги филтрира честичките што се генерираат при работењето. Долготрајна изложеност на интензивна бучава може да доведе до губење на слухот.
- Доколку има други лица во работното поле, држете ги на безбедно растојание. Секое лице што ќе влезе во работното поле, мора да носи лична заштитна опрема. Парчињата од делот што се обработува или скршениот алат за вметнување може да летнат наоколу и да предизвикаат повреди и надвор од директното поле на работа.
- Држете го приклучниот кабел подалеку од алатите што се вметнуваат. Доколку загубите контрола над уредот, приклучниот кабел може да се пресече или да се зафати и да Ви ја заглави дланката или раката во алатот што се вметнува.
- Редовно чистете ги воздушните вентили на електричниот алат. Моторот на вентилаторот може да ја повлече прашината во куќиштето, а претераната акумулација на метален прав може да предизвика опасност од електрична енергија.
- Не работете со електричниот алат во близина на запаливи материјали. Не работете со електричниот алат доколку се наоѓа на запалива површина, како на пример на дрво. Искрите можат да ги запалат овие материјали.
- Не користете дополнителна опрема за која се потребни течни разладувачи. Користењето вода или други течни разладувачи може да доведе до смрт или струен удар.
- Секогаш користете неоштетена стезна прирабница со соодветна големина и облик за избраното сечило за пила. Соодветната прирабница го држи сечилото за пила за сечење и така ја намалува опасноста од лизгање на сечилото.
- Сечилата за пила и прирабницата мора точно да одговараат на вретеното на Вашиот електричен алат. Алатите за вметнување што не одговараат точно на вретеното на електричниот алат, се вртат нерамномерно, вибрираат многу јако и може да доведат до губење на контролата.
- Не користете оштетени сечила за пила. Пред секоја употреба проверете ги сечилата за пила дали се скршени или пукнати. Доколку ви падне електричниот алат или сечилото за пила, проверете дали е оштетен алатот или пак употребете неоштетено сечило за пила. Откако сте го провериле и ставиле сечилото за пила, не им дозволувајте на лицата да бидат во близина на висина на ротирачкото сечило за пила и оставете го електричниот алат да врти една минута на највисок број на вртежи. Повеќето оштетени сечила за пила ќе се скршат во текот на овој пробен период.
- Редовно проверувајте го кабелот, а доколку е оштетен смее да го поправи само овластената сервисна служба за електрични алати на Bosch. Доколку продолжниот кабел е оштетен, заменете го. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот алат.
- Не користете тапи, пукнати, свиткани или оштетени листови за пила. Листовите на пилата со тапи или неправилни запци, заради претесниот резен процеп, предизвикуваат зголемено триење и заглавување на листот на пилата или повратен удар.
- Секогаш користете сечила со точна големина и форма (дијамантски наспроти тркалезни) за арбор дупките. Сечилата што не се совпаѓаат со монтираниот тврд дел на пилата, ќе се поместат надвор од центарот и ќе изгубите контрола.
- Проверете дали заштитната хауба може правилно да функционира и дали може слободно да се движи. Никогаш не ја блокирајте заштитната хауба во отворена состојба.
- Одржувајте го подот чист, без метални струготини и остатоци од материјал. Може да се лизнете или да се сопнете.
- Користете го електричниот алат само доколку на работната површина до делот што се обработува нема алати за подесување, метални струготини итн. Малите метални парчиња или другите предмети, кои доаѓаат во контакт со ротирачкото сечило за пила, може да летнат кон корисникот со голема брзина.
- Не го оставајте настрана алатот, доколку не е целосно во состојба на мирување. Електричните алати кои не се во состојба на мирување може да предизвикаат повреди.
- Сечилото за пила водете кон делот што се обработува само при вклучена пила. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку сечилото за пила се заглави во делот што се обработува.
- Не ставајте ништо на електричниот алат. Може да настанат сериозни повреди, доколку електричниот алат се преврти или доколку случајно дојдете во контакт со листот за пилата.
- Користете го електричниот алат само за сечење во суви материјали. Навлегувањето на вода во електричниот алат го зголемува ризикот од електричен удар.
- Не ја оштетувајте ознаката за предупредување на електричниот алат.
- Електричниот алат се испорачува со ознака за предупредување за ласерот (види табела „Ознаки и нивно значење“).
Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреќи или да ги оштетите очите. |
- Не правете промени на ласерскиот уред. Можностите за подесување опишани во ова упатство за употреба можете безбедно да ги користите.
- Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
- Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.
- Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење.
- Вградениот ласер не го заменувајте со ласер од друг тип. Доколку се искористи ласер кој не е соодветен на овој електричен алат, може да има опасност за лицата.
Одбивање и слични предупредувања
Повратниот удар е ненадејна реакција како последица од заглавено или блокирано ротирачко сечило за пила. Заглавувањето или блокирањето води кон ненадејно запирање на ротирачкиот алат за вметнување. Со тоа агрегатот за брусење неконтролирано се забрзува нагоре во правец на корисникот.
Доколку на пр. се заглави или се блокира некое сечилото за пила, работ на сечилото кој влегува во делот што се обработува може да се закачи и така да го скрши сечилото за пила или да предизвика повратен удар. Притоа сечилата за пила може исто така да се скршат.
Повратниот удар е последица од погрешна употреба на електричниот алат. Тој може да се спречи со соодветни прописни мерки, како што е опишано подолу.
- Цврсто држење на електричниот алат и позиционирање на вашето тело и рака за да се овозможи отпор на силите на одбивање. Операторот може да ги контролира реакциите на силата на одбивање, доколку се преземат соодветни превентивни мерки.
- Избегнувајте го подрачјето пред и зад ротирачкото сечило за пила. При повратен удар агрегатот за брусење се исфрла нагоре во правец на корисниот.
- Не користете синџирест или лист за сечење на дрво како и сегментни дијамантски плочи со процепи широки повеќе од 10 mm. Таквите алати за вметнување честопати предизвикуваат повратен удар или губење на контролата над електричниот алат.
- Избегнувајте блокирање на сечилото за пила или преголем притисок. Не правете премногу длабоки резови. Преоптоварувањето на сечилото за пила ја зголемува неговата искористеност и склоност на закосување или блокирање и со тоа можноста за повратен удар или кршење на сечилото за пила.
- Во случај да се заглави сечилото за пила или да се прекине работата, исклучете го електричниот алат и држете го цврсто агрегатот за брусење, додека сечилото за пила не дојде во состојба на мирување. Не се обидувајте никогаш сечилото за пила што се врти да го вадите од резот, бидејќи може да настане повратен удар. Откријте ја и поправете ја причината за заглавувањето.
- Не го вклучувајте повторно електричниот алат, додека се наоѓа во делот што се обработува. Оставете сечилото за пила да го постигне целосниот вртежен момент, пред да продолжите со резот. Инаку, сечилото за пила може да се заглави, да излета од делот што се обработува или да предизвика повратен удар.
- Потпрете ги големите делови што се обработуваат, за да избегнете ризик од повратен удар поради заглавено сечило за пила. Големите делови што се обработуваат може да се свиткаат поради нивната тежина. Делот што се обработува мора да го потпрете на двете страни од сечилото за пила, во близина на линијата на сечење и на работ.
- Користете стегачи за држење на делот што се обработува кога постои можност. Ако го потпирате делот што се обработува со рака, раката постојано мора да биде на оддалеченост од најмалку 100 mm од двете страни на сечилото од пилата. Не ја користете оваа пила за сечење на многу мали парчиња што не може безбедно да се зацврстат или да се држат со рака. Ако раката ја ставите премногу блиску до сечилото на пилата, постои голема опасност од повреда ако го допрете сечилото.
- Делот што се обработува мора да биде статичен и прицврстен, или да се држи и за граничникот и за масата. Не го ставајте делот што се обработува во сечилото или жлебот со слободна рака. Слободен или неприцврстен дел што се обработува може да се отфрли со голема брзина и да предизвика повреда.
- Притиснете ја пилата низ делот што се обработува. Не ја влечете пилата низ делот што се обработува. За да пресечете, подигнете ја главата на пилата и повлечете ја преку делот што се обработува без сечење, вклучете го моторот, притиснете ја главата на пилата надолу и турнете ја пилата низ делот. Со повлекување на пилата додека сечете сечилото може да се искачи на врвот на делот што се обработува и силно да го отфрли склопот на сечилото кон операторот.
- Не ги прекрстувајте рацете врз одредената линија за сечење пред и зад сечилото на пилата. Држење на делот што се обработува со вкрстени раце т.е. држење на делот на десната страна од сечилото на пилата со лева рака или обратно е многу опасно.
- Не фаќајте зад граничникот кај ротирачкото сечило за пила. Никогаш не надминувајте безбедносно растојание од 100 mm меѓу раката и ротирачкото сечило за пила (важи за двете страни на сечилото за пила). Можно е да не може да се препознае близината на ротирачкото сечило за пила до Вашата рака и можете да се здобиете со сериозни повреди.
- Разгледајте го делот што се обработува пред да започнете со сечење. Ако делот што се обработува е накривен или навален, прицврстете ја надворешната навалена страна на граничникот. Секогаш проверувајте дали има празнина меѓу делот што се обработува, граничникот и масата покрај линијата на сечење. Накривен или навален дел што се обработува може да се извитка или помести и да предизвика виткање на сечилото кое ротира при сечење. Не смее да има шајки или други надворешни предмети во делот што се обработува.
- Користете го електричниот алат откако на масата нема да има алати; на масата треба да се наоѓа само делот за обработка. Малите парчиња или другите предмети, кои доаѓаат во контакт со ротирачкото сечило за пила може да летнат кон корисникот со голема брзина.
- Сечете само еден дел истовремено. Повеќе парчиња не може соодветно да се зацврстат или поврзат и може да се фатат за сечилото или да се изместат во текот на сечењето.
- Погрижете се електричниот алат да биде на рамна цврста површина пред употребата. Рамна цврста работна површина ја намалува опасноста од нестабилност на електричниот алат.
- Испланирајте ја работата. Кога ќе ја промените косината или подесениот агол на закосување, проверете дали граничникот кој се подесува е правилно поставен за држење на делот што се обработува и дека нема да го попречува сечилото или заштитниот систем. Без вклучување на алатот на „ON“ и без делот што се обработува на масата, движете го сечилото на пилата низ целосно симулиран пресек за да проверите дали има некакви пречки или опасност да се пресече граничникот.
- Погрижете се деловите за обработка кои се подолги или пошироки од горната страна на масата да имаат соодветна потпора, на пр. со продолжетоци за маса или сталаци за сечење. Деловите за обработка кои се подолги или пошироки од масата на електричниот алат може да се превртат ако не се прицврстени. Ако исечено парче метал или дел за обработка се преврти, може да го крене долниот заштитен капак или неконтролирано да се исфрли од ротирачкото сечило.
- Не користете друго лице како замена за додаток на масата или како дополнителен држач. Нестабилен држач за делот што се обработува може да предизвика зафаќање на сечилото или поместување на делот што се обработува во текот на сечењето и да ве повлече вас и помошникот кон ротирачкото сечило.
- Отсечен дел не смее да се заглави или притиска кон ротирачкото сечило. Ако е ограничено, т.е. со помош на граничниците за должина, исечениот дел може да се заглави на сечилото и силно да се отфрли.
- Постојано користете стега или прицврстувач правилно дизајниран за држење на тркалезен материјал, како на пр., прачки или цевки. Прачките се склони кон вртење додека се сечат и предизвикуваат сечилото да го засекува и влече делот со вашата рака кон сечилото.
- Оставете сечилото да достигне целосна брзина пред да го допре делот што се обработува. Со ова ќе се намали ризикот делот што се обработува да биде отфрлен.
- Ако делот за обработка се заглави или сечилото се блокира, исклучете го електричниот алат. Почекајте додека сите делови кои се движат не се смират, извадете го мрежниот приклучок и/или извадете ја батеријата. Потоа отстранете го заглавениот материјал. Ако продолжите да сечете при такво блокирање, може да дојде до губење на контролата или оштетување на електричниот алат.
- Откако ќе завршите со сечењето, ослободете го копчето, држете ја главата на пилата надолу и почекајте сечилото да застане пред да го извадите исечениот дел. Приближување на раката до сечило кое сè уште врти е опасно.
- Држете ја рачката цврсто кога правите нецелосен засек или кога го ослободувате копчето пред пилата да биде ставена во целосна надолна позиција. Сопирањето на пилата може да предизвика главата на пилата ненадејно да биде повлечена надолу и да предизвика опасност или повреда.
- Никогаш не ги отстранувајте остатоците од сечењето и сл. од полето за сечење, додека е вклучен електричниот алат. Најпрво ставете ја рачката на алатот во позиција на мирување и потоа исклучете го електричниот алат.
- Не го фаќајте листот од пилата по работата, додека не се олади. Листот за пилата за време на работата се вжештува.
- Одржувајте ја чистотата на работното место. Мешавините на материјали се особено опасни. Правта од лесен метал може да се запали или експлодира.
- Не користете листови за пила од високо легиран брзорезен челик (HSS-челик). Таквите листови на пила може лесно да се скршат.