Безбедносни напомени за комбинирани пили
- Не ставајте ништо на електричниот алат. Може да настанат сериозни повреди, доколку електричниот алат се преврти или доколку случајно дојдете во контакт со листот за пилата.
- Одржувајте ги дршките суви, чисти и не ги замастувајте. Замастените дршки се лизгаат и може да доведат до губење на контролата.
- Користете го електричниот алат само доколку на работната површина до делот што се обработува нема алати за подесување, дрвени струготини итн. Малите дрвени парчиња или другите предмети, кои доаѓаат во контакт со ротирачкиот лист на пила, може да летнат кон корисникот со голема брзина.
- Одржувајте го подот чист, без дрвените струготини и остатоци од материјал. Може да се лизнете или да се сопнете.
- Користете го електричниот алат само за материјали, кои се соодветно наменети за таа употреба. Инаку електричниот алат може да се оптовари.
- Во случај да се заглави листот за пилата, исклучете го електричниот алат и држете го цврсто делот што се обработува, додека листот за пилата не дојде во состојба на мирување. За да избегнете повратен удар, делот што се обработува смее да се движи дури откако листот за пилата ќе се смири. Отстранете ја причината за заглавување на листот од пилата, пред повторно да го стартувате уредот.
- Не користете тапи, пукнати, свиткани или оштетени листови за пила. Листовите на пилата со тапи или неправилни запци, заради претесниот резен процеп, предизвикуваат зголемено триење и заглавување на листот на пилата или повратен удар.
- Секогаш користете сечила со точна големина и форма (дијамантски наспроти тркалезни) за арбор дупки. Сечила кои не одговараат на металниот дел за монтирање на сечилото ќе излезат од средиштето, што ќе предизвика губење на контрола.
- Не користете листови за пила од високо легиран брзорезен челик (HSS-челик). Таквите листови на пила може лесно да се скршат.
- Не го фаќајте листот од пилата по работата, додека не се олади. Листот за пилата за време на работата се вжештува.
- Редовно проверувајте го кабелот, а доколку е оштетен смее да го поправи само овластената сервисна служба за електрични алати на Bosch. Доколку продолжниот кабел е оштетен, заменете го. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот алат.
- Добро чувајте го некористениот електричен алат. Местото на складирање мора да биде суво и затворено. Ова спречува оштетување на електричниот алат за време на складирањето или тој да биде ракуван од страна на неискусни лица.
- Не го оставајте настрана алатот, доколку не е целосно во состојба на мирување. Електричните алати кои не се во состојба на мирување може да предизвикаат повреди.
- Електричниот алат не го користете доколку кабелот е оштетен. Не го допирајте оштетениот кабел и не го влечете струјниот приклучок, доколку кабелот се оштети за време на работењето. Оштетениот кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
- Електричниот алат се испорачува со ознака за предупредување за ласерот (види табела „Ознаки и нивно значење“).
- Не ја оштетувајте ознаката за предупредување на електричниот алат.
Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреќи или да ги оштетите очите. |
- Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак.
- Не правете промени на ласерскиот уред.
- Не ги оставајте децата да го користат електричниот алат без надзор. Без надзор, тие може да се заслепат себеси или други лица
- Доколку текстот на ознаката за предупредување за ласерот не е на Вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на Вашиот јазик пред првата употреба.
Безбедносни напомени за употреба како пила за скратување и сечење под агол
- Проверете дали заштитната хауба може правилно да функционира и дали може слободно да се движи. Никогаш не ја блокирајте заштитната хауба во отворена состојба.
- Никогаш не ги отстранувајте остатоците од сечењето, дрвените струготини и сл. од полето за сечење, додека е вклучен електричниот уред. Најпрво ставете ја рачката на апаратот во позиција на мирување и потоа исклучете го електричниот апарат.
- Сечилото за пила водете кон делот што се обработува само при вклучена пила. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку сечилото за пила се заглави во делот што се обработува.
- Секогаш зацврстувајте го добро делот што се обработува. Не обработувајте парчиња, кои се премали за добро да се зацврстат. Така, растојанието од Вашата дланка до ротирачката брусна плоча за сечење би било премало.
- Никогаш не користете го електричниот алат без плоча за вметнување. Променете ја дефектната плоча за вметнување. Без соодветен дел за вметнување може да се повредите на сечилото за пила.
- Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
Безбедносни напомени за употреба како циркуларна маса
- Проверете дали заштитната хауба може правилно да функционира и дали може слободно да се движи. Мора да биде на масата пред сечењето и на делот што се обработува за време на сечењето; не смее да биде затегната во отворена положба.
- Никогаш не посегајте зад листот за пила, за да го држите делот што се обработува, за да ги отстраните дрвените струготини или од други причини. Притоа, растојанието од вашата дланка до ротирачкиот лист на пила е премало.
- Вметнете го делот што се обработува само кога се врти листот на пилата. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку листот на пилата се заглави во делот што се обработува.
- Секогаш сечете само еден дел. Доколку деловите што се обработуваат ги поставите еден врз друг или еден до друг, може да се блокира листот на пилата или за време на сечењето да се поместат еден од друг.
- Секогаш користете паралелен или аголен граничник. Ова ја подобрува прецизноста при сечење и ја намалува можноста да се заглави листот на пилата.