Сечење
Пили за скратување
- Прицврстете го делот што се обработува согласно димензиите.
- Поставете го саканиот хоризонтален и/или вертикален агол на закосување.
- Вклучете го електричниот алат.
- Притиснете го копчето (17) и водете ја полека рачката на алатот со дршката (18) надолу.
- Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
- Исклучете го електричниот алат и почекајте додека сечилото за пила не дојде целосно во состојба на мирување.Олабавете ги завртките со внатрешна шестаголна глава.
- Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Специјални делови за обработка
При сечење на свиткани или тркалезни делови за обработка, мора добро да ги обезбедите од лизгање. На линијата на сечење не смее да постои процеп меѓу делот што се обработува, граничната водилка и масата за пила.
Доколку е потребно, мора да направите специјални држачи.