Транспорт (види слика g)
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
- Подесете го електричниот алат во работна позиција Столна тркалезна пила.
- Позиционирајте го паралелниот граничник (61) целосно над заштитниот капак (63).
За фиксирање на паралелниот граничник притиснете на затезната дршка (64) надолу. - Ставете ја подвижна водечка летва на клиновите (67).
- Вметнете го долниот поклопец на сечилото за пила (66) во масата за пила (22).
- Отстранете ги деловите на опремата, кои не може цврсто да се монтираат на електричниот алат.
Ставете ги неискористените сечила за пила во затворена кутија, доколку сакате да ги транспортирате. - При подигање или транспорт, држете за жлебовите за држење (4) странично на масата за сечење (22).
- За транспортирање на електричниот алат, користете ги секогаш уредите за транспорт, а не заштитните уреди.