Замена на сечилото за пила (види слики f1–f4)
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
- При ставањето на сечилото за пила носете заштитни ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила постои опасност од повреда.
Употребувајте само сечила за пила, чија максимално дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи на вашиот електричен алат.
Користете само сечила за пила, што се препорачани од производителот на овој електричен алат и се погодни за материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе спречи прекумерно загревање на запците на пилата за време на сечењето.
Никогаш не користете сечила за пила со вкрстен жлеб (т.н. „Dado Sets“).
- Користете само листови на пила, кои одговараат на наведените податоци во ова упатство за користење и на електричниот алат или се проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
При менување на сечилото за пила внимавајте ширината на резот да не е помала и дебелината на основното сечило да не е поголема од дебелината на клинот за разделување.
- Подесете го електричниот алат во работна позиција Пила за скратување и сечење под агол.
- Одвртете ја завртката за блокада (10) со испорачаниот плоснат одвртувач (5).
- Повлечете го држачот (11) кон десно. Сега турнете го држачот нагоре и во исто време навалете го осцилаторниот заштитен капак (20) до крај наназад. На овој начин осцилаторниот заштитен капак се заклучува во отворена позиција горе.
- Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава (12) со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава (5) и истовремено притиснете ја блокадата за вретеното (13), додека не се вклопи.
- Држете ја притисната блокадата на вретеното (13) и одвртете ја завртката (12) во правец на стрелките на часовникот (лев навој!).
- Извадете ја стезната прирабница (14).
- Извадете го сечилото за пила (7).
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.
- Ставете го новото сечило за пила на внатрешната стезна прирабница (15).
- При монтажата, внимавајте правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на куќиштето!
- Поставете ги стезната прирабница (14) и завртката (12). Притиснете ја блокадата на вретеното (13), додека не се вклопи и затегнете ја завртката во правец спротивен на стрелките на часовникот.
- Турнете го држачот (11) надолу и истовремено навалете го осцилаторниот заштитен капак (20) повторно надолу додека не се вклопи држачот.
- Повторно завртете ја завртката за блокада (10) и затегнете ја.