Обем на испорака
За тоа внимавајте на приказот на обемот на испорака на почетокот на упатството за употреба.
Пред првата употреба на електричниот алат, дали сите долу наведени делови се испорачани:
- Пила за отсекување и сечење под агол со монтирано сечило за пила
- Столарска стега (22)
- Клуч со внатрешна шестаголна глава (32)
- Продолжен држач (21) со безбедносна завртка (38) (2x)
- Граничник за должина (10)
- Кеса за прав (1)
Напомена: Проверете дали на електричниот алат има евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат, мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и соодветни на намената. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат поправени или заменети од страна на овластена сервисна работилница.