Одржување и чистење
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
- Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
Осцилаторниот заштитен капак (9) мора секогаш да се движи слободно и самостојно да се затвора. Пределот околу осцилаторниот заштитен капак треба секогаш да биде чист.
Отстранете ја правта и струготините со издувување со компресиран воздух или со четка по секоја работна постапка.
Редовно чистете го лизгачкиот валјак (26).
Чистење на ласерската линија (види слика S)
- Навалете го осцилаторниот заштитен капак (9) наназад и во оваа позиција.
- Олабавете ја назабената завртка (50) на заштитниот капак на ласерот (7).
- Повлечете го нанапред проѕирниот капак на ласерската линија (51) од заштитниот капак на ласерот и избришете ги нечистотиите со сува и мека крпа.
- Повторно ставете го капакот (51) до крај во заштитниот капак на ласерот (7) и повторно затегнете ја назабената завртка (50).