Вртење на главната рачка
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
- Прекинувачот за вклучување/исклучување (3) мора да биде во позиција исклучено.
Главната рачка (36) може да се врти за 90° налево или надесно кон куќиштето на моторот. Притоа, прекинувачот за вклучување/исклучување може да се постави во поповолна позиција при изведување на посебни случаи на работа, на пр. сечење со капак за всисување со лизгачка водилка (21)/(35) или за левучари.
Притиснете ја деблокадата на дршката (37), за да ја отклучите главната рачка (36) и истовремено вртете ја главната рачка (36) во саканата позиција, додека не се вклопи.