Всисување на суви материјали
Всисување на наталожена прав
- Подесете го регулаторот на волуменски проток (6) на дијаметарот на цревото.
|
|
|
Всисувачот е опремен со контрола на волуменскиот проток. Контролата на волуменскиот проток е фиксно поставена на режимот на работа „Всисување“ на вредност од 20 m/s, независно од позицијата на регулаторот на волуменскиот проток (6).
Доколку оваа вредност се пречекори, на пр. поради насобрана нечистотија во цревото за всисување, полна вреќичка за прав или вметнат набран филтер, се слуша звучен сигнал за предупредување. Во тој случај, исклучете го всисувачот и проверете го како што е опишано во делот „Отстранување на пречките“.
Всисување на правта што се создава додека работат електричните алати (види слика G)
- Мора да постои доволен степен на проток на воздух во просторот, бидејќи издувниот воздух се враќа во просторијата. Внимавајте на односните прописи во земјата.
Во всисувачот има вградено шуко приклучница (5). Таму може да приклучите надворешен електричен апарат. Внимавајте на максимално дозволената приклучна моќ на електричниот алат што се приклучува.
За да се овозможи доволен пренос на правта до местото на всисување, не треба да се пречекори најмалиот волуменски проток за приклучениот електричен алат.
Дијаметар на цревото | Поставена вредност за волуменски проток |
---|---|
35 mm | 57,9 m3/h |
22 mm | 41,2 m3/h |
15 mm | 12,7 m3/h |
- Подесете го регулаторот на волуменски проток (6) на дијаметарот на цревото.
- Монтирајте го адаптерот за всисување (25).
- Вметнете го адаптерот за всисување (25) во млазниците за всисување на електричниот алат.
Напомена: при работење со електрични алати, чијшто довод на воздух до цревото за всисување е мал (на пр. убодни пили, брусилки итн.), мора да се отвори отворот за непотребен воздух (26) на адаптерот за всисување (25). Само на тој начин полуавтоматското чистење на филтерот може да работи без проблем.
Притоа, свртете го прстенот над отворот за непотребен воздух (26) додека не се појави максимален отвор.
| |
| |
| |
|
Доколку слушнете звучен сигнал за предупредување, мора да го проверите всисувачот како што е опишано во делот „Отстранување на пречки“.