Отстранување на пречки

Проблем

Помош

Турбината за всисување не работи.

  • Проверете го струјниот кабел, приклучокот за струја, осигурувачот, приклучницата и сензорите за наполнетост (40).

Прекинувачот за избор на режим на работа (7) стои на „Старт/Стоп автоматика“.

  • Поставете го прекинувачот за избирање на режим на работа (7) на ознаката „Всисување“ одн. вклучете го приклучениот електричен алат на приклучницата (5).

Турбината за всисување се исклучува.

  • Испразнете го садот (1).

Турбината за всисување повторно не работи и по празнењето на садот.

  • Исклучете го всисувачот и почекајте 5 секунди, по 5 секунди повторно вклучете.
  • Сензорите за состојба на наполнетост (40) како и нивниот меѓу-простор (40) исчистете ги со четка.

Се губи силата на всисување.

  • Отстранете ја блокадата од млазницата за всисување, цевката за всисување (35), цревото за всисување (27) или набраниот филтер (30).
  • Заменете ја вреќичката за отпад (29) или ќесата за прав.
  • Правилно поставете го капакот за филтерот (39).
  • Правилно поставете го горниот дел на всисувачот (13) и затворете ги капачињата (15).
  • Заменете го набраниот филтер (30).

Излегува прав при всисувањето

  • Проверете дали набраниот филтер (30) е правилно монтиран.
  • Заменете го набраниот филтер (30).

Автоматиката на исклучување (всисување на влажни материи) не реагира.

  • Сензорите за состојба на наполнетост (40) како и нивниот меѓу-простор (40) исчистете ги со четка.

Кај електрични неспроводливи течности или при создавање на пена не функционира автоматиката на исклучување.

  • Постојано контролирајте на состојбата на наполнетост.

Се слуша звучен сигнал за предупредување.

Капацитетот на всисување е поставен на најслабо.

  • Регулаторот на капацитет на всисување (8) поставете го на повисока вредност.

Поставен е погрешен дијаметар на црево.

  • Поставете го регулаторот на волуменски проток (6) на правилен дијаметар на цревото.

Цревото за всисување (27) е затнато или свиткано.

  • Отстранете ја блокадата или одвиткајте го.

Вреќичката за отпад/прав е полна.

  • Заменете ја вреќичката за отпад (29) или ќесата за прав.

Набраниот филтер (30) е извалкан.

  • Исчистете го или ев. заменете го набраниот филтер.

Нема доволен проток на воздух на приклучениот електричен алат.

  • Отворете го отворот за дополнителен воздух (26) на адаптерот за всисување (25): Вртете го прстенот на адаптерот за всисување додека целосно не се отвори отворот за дополнителен воздух.
  • Доколку има: отворете го отворот за непотребен воздух на електричниот алат.

Нарушена функција на контролната електроника.

  • Контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch.

Автоматското чистење на филтерот не работи.

  • Активирајте го чистењето на филтерот (притиснете го AFC-копчето (9)).
  • Приклучете го цревото за всисување (27).

Автоматското чистење на филтерот не може да се исклучи.

  • Контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch.

Автоматското чистење на филтерот не може да се вклучи.

  • Контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch.