Одржување и чистење
- Извлечете го приклучокот од конекторот, пред одржувањето или чистењето на всисувачот, пред регулирање на поставките на уредот, замена на деловите или тргање настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на всисувачот.
- Одржувајте ја чистотата на всисувачот и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
- При сервис и чистење на всисувачот користете маска за заштита од прав.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
За одржување од страна на корисникот, всисувачот мора да се демонтира, да се исчисти и одржува, доколку е изводливо, без да предизвика опасност за персоналот кој го одржува и другите лица. Пред демонтажата, всисувачот треба да се исчисти за да се избегнат евентуалните опасности. Просторијата во која ќе се демонтира всисувачот, мора да биде добро проветрена. За време на одржувањето носете лична заштитна опрема. По одржувањето, исчистете го просторот каде сте работеле.
Најмалку еднаш годишно потребно е да се изврши техничка проверка од страна на производителот или овластен сервисер, на пр. да се проверат оштетувања на филтерот, дали всисувачот добро дихтува и функцијата на уредот за контрола.
Кај всисувачи од класа M, што се користеле во нечиста околина, треба да се исчисти надворешноста како и сите машински делови. Всисајте, избришете ја или запечатете ја надворешната страна на всисувачот пред да ја отстраните од опасната зона. Пред да извршите какви било поправки, сите извалкани делови што не може доволно да се исчистат, мора да се отстранат. Ваквите делови мора да се отстранат во непропустливи ќеси во согласност со важечките одредби за отстранување на ваков отпад.
Капацитетот на всисување зависи од состојбата на филтерот. Затоа редовно чистете го филтерот.
Веднаш заменете го оштетениот набран филтер (30).
- Извлечете го од окцето за затворање (20) и отворете го поклопецот за филтерот (39).
- Фатете го набраниот филтер (30) за држачите и извадете го нагоре.
- Отстранете ја правта и нечистотијата, што испаѓа при вадење на набраниот филтер (30), со влажна крпа од рабовите на поклопецот за филтерот (39).
PES и PTFE-набраните филтри може да се исплакнат под проточна вода. - Поставете го новиот исчистен набран филтер (30) и внимавајте добро да легне.
- Повторно затворете го поклопецот за филтер (39) (додека не слушнете да се вклопи).