„ERROR“ на екранот
Приказ „ERROR“ на екранот
Причина: Собирање/одземање на мерни вредности со различни мерни единици
Помош: Собирајте/одземајте само мерни вредности со исти мерни единици
Причина: Аголот помеѓу ласерскиот зрак и целта е премногу остар
Помош: Зголемете го аголот помеѓу ласерскиот зрак и целта
Причина: Целната површина прејако рефлектира (на пр. огледало), или преслабо (на пр. црн материјал), или амбиенталното светло е прејако
Помош: Употребете ласерска целна плоча (опрема)
Причина: Излезот на ласерскиот зрак (21) одн. приемната леќа (20) се замаглeни (на пр. со брза промена на температурата)
Помош: Избришете го излезот на ласерскиот зрак (21) одн. приемната леќа (20) со мека крпа
Причина: Пресметаната вредност е поголема од 1 999 999 или помала од -999 999 m/m²/m³
Помош: Поделете ја пресметката во меѓу-чекори
GLM 150-27 C
Предупредување за полнење на батеријата на екранот
Причина: Напонот за полнење на батеријата не е точен
Помош: Проверете дали приклучната врска е точно воспоставена и дали правилно функционира полначот. Ако предупредувањето за полнење на батеријата сѐ уште се прикажува, батеријата е дефектна и мора да се замени од страна на сервисната служба на Bosch
Предупредување за температурата на батеријата на екранот
Причина: Температурата на мерниот уред е надвор од дозволените граници на температурата за полнење
Помош: Почекајте додека не се достигнат границите на температурата за полнење