Проверка на точноста
Редовно проверувајте ја точноста на мерењето на косини и мерење на растојанија.
- Поставете го мерниот уред на една маса и измерете ја косината.
- Свртете го мерниот уред за 180° и одново измерете ја косината.
- Разликата помеѓу прикажаните износи смее да изнесува макс. 0,3°.
При големи отстапувања мерниот уред мора одново да се калибрира.
- Држете го притиснато копчето за да го повикате менито Основни функции.
- Изберете и потврдете го изборот со копчето .
- Следете ги упатствата на екранот.
- По големи промени на температурата и по удари, препорачуваме да се изврши проверка на точноста и ев. калибрирање на мерниот уред. По промена на температурата, мерниот уред мора да се прилагоди на нормалната температура некое време пред да се изврши калибрација.
За проверка на точноста, мерењето треба да се врши при поволни услови, т.е. мерното подрачје треба да биде поставено во внатрешниот простор и целната површина на мерењето треба да биде мазна и добро да рефлектира (на пр. ѕид обоен во бело).
- Изберете мерно подрачје со должина од околу 3 до 10 m, чија должина точно ја знаете (на пр. ширината на просторијата, отворот на вратата).
- Измерете го подрачјето 10‑пати едно по друго.
- Отстапувањето на поединечните мерења од точно познатата димензија не смее да надмине ±2 mm на целото мерно растојание под поволни услови. Запишувајте ги мерењата, за да може подоцна да ја споредите точноста.
Редовно проверувајте ја точноста на израмнувањето на ласерот и приказот на цели.
- За таа цел изберете светла и што е можно послабо осветлена површина (на пр. бел ѕид) во минимум 5 m растојание како цел.
- Проверете дали ласерската точка е во рамките на приказот на цели на екранот.
- Ако ласерската точка не е во рамките на приказот на цели, морате повторно да го калибрирате приказот на цели.
Повторно калибрирање на приказот на цели
- Држете го притиснато копчето за да дојдете до менито Основни функции.
- Изберете и потврдете го изборот со копчето .
- Следете ги упатствата на екранот.