Дополнителна рачка (види слика A)
- Користете го вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (8).
- Пред да извршите било што, проверете дали е зацврстена дополнителната рачка. Губењето на контролата може да доведе до повреди. Ако дополнителната рачка веќе не може да се движи во правец на оската за дупчење, значи дека таа е доволно цврсто затегната.
Навалување на дополнителната рачка
Дополнителната рачка (8) може да ја вртите по желба, за да може безбедно и неуморно да работите.
Вртете го долниот дел на дополнителната рачка (8) во правец спротивно на стрелките од часовникот и навалете ја (8) во саканата позиција. Потоа повторно зацврстете го долниот дел на дополнителната рачка (8) во правец на стрелките од часовникот.
Подесување на длабочина на дупчење
Со граничникот за длабочина (6) може да се утврди длабочината на дупчење X.
Олабавете ја пеперутка-завртката за подесување на граничникот за длабочина (7) и поставете го граничникот за длабочина во дополнителната рачка (8).
Извлечете го граничникот за длабочина (6) до степен што растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот за длабочина (6) ќе одговара на саканата длабочина на дупчење X.