Ставање во употреба

Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (5) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (3) е притиснат ова не е возможно.

Тек на десно: За дупчење и завртување на завртки притиснете на прекинувачот за менување на правецот на вртење (5) надолу на „R“.

Тек на лево: За олабавување одн. одвртување на завртки и навртките притиснете на прекинувачот за менување на правецот на вртење (5) нагоре на „L“.

  • Прекинувач за избор на брзина (2)активирајте го само кога електричниот алат е во празен од.

Со прекинувачот за избор на брзини (2) може да изберете 2 брзини.

Брзина I:

Низок обем на вртежи; за работење со голем дијаметар на дупчење

Брзина II:

Висок опсег на вртежи; за работење со мал дијаметар на дупчење.

Доколку прекинувачот за менување брзини (2) не може да се навали до крај, свртете го малку погонското вратило со дупчалката.

За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3) и држете го притиснат.

За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3).

Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (3).

Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (3) се постигнува мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи.