Ставање во употреба
- Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи (7) изберете го начинот на работа на електричниот алат.
- За промена на режимот на работата свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи (7) во саканата позиција „Дупчење“.
Напомена: Променете го режимот на работа само доколку електричниот алат е исклучен! Инаку електричниот алат може да се оштети.
Позиција за Дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика како и за Завртување | |
Позиција за ударно дупчење во бетон или камен | |
Позиција Vario-Lock за подесување на позицијата на длетото | |
Позиција за Длетување |
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (10) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат.
Правецот на вртење при ударно дупчење, дупчење и длетување секогаш поставувајте го на десен тек.
- Тек на десно: свртете го прекинувачот за правец на вртење (10) до крај во позиција .
- Тек на лево: свртете го прекинувачот за правец на вртење (10) до крај во позиција .
- За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (9) и држете го притиснат.
- За исклучување отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (9).
На ниски температури електричниот апарат дури по одреден период го постигнува целосниот капацитет на удари.
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (9).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (9) се постигнува мал број на вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари.
Длетото може да го фиксирате во 12 позиции. Притоа, може да ја користите оптималната работна позиција.
- Ставете го длетото во прифатот за алат.
- Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи (7) во позиција „Vario-Lock“.
- Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција за длетување.
- Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи (7) во позиција „Длетување“. Со тоа, прифатот за алат ќе се фиксира.
- Поставете го правецот на вртење за длетување на десен тек.