Транспортен осигурувач (види слика C)
Транспортниот осигурувач (13) Ви овозможува лесно ракување со електричниот алат при транспорт на различни места на примена.
Отклучување на електричниот алат (работна позиција)
- Притиснете ја надолу дршката на рачката на алатот (2), за да го ослободи транспортниот осигурувач (13).
- Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот осигурувач (13).
- Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Напомени:
- При работењето внимавајте на тоа, транспортниот осигурувач да не е притиснат навнатре, инаку рачката на апаратот нема да може да се навали на саканата длабочина.
- Ако транспортниот осигурувач тежко се движи при влечење/притискање, треба да се подмачка за непречено движење.
Прицврстување на електричниот алат (позиција за транспорт)
- Водете ја рачката на алатот надолу додека транспортниот осигурувач (13) целосно не се притисне навнатре.
- Редовно подмачкувајте го транспортниот осигурувач.
Останати напомени за транспорт види Транспорт.