Одржување и чистење

Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.

Отстранете ја правта и струготините со издувување со компресиран воздух или со четка по секоја работна постапка.

Средство за подмачкување:
Моторно масло SAE 10/SAE 20

  • По потреба подмачкајте го електричниот алат на означените места (види слика P).

Овластената сервисна служба на Bosch овие работи ги извршува брзо и сигурно.

  • Средствата за подмачкување и чистење отстранете ги на еколошки прифатлив начин. Внимавајте на законските прописи.

Мерки на производителот:

  • Фин старт
  • Испорака со сечило за пила специјално развиено за намалување на бучавата

Мерки на корисникот:

  • Монтажа без многу вибрации на стабилна работна површина
  • Примена на сечила за пила со функција на намалување на бучавата
  • Редовно чистење на сечилото за пила и електричниот алат