Подесување на вертикалниот и хоризонталниот агол на закосување

За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите.

Поставување на вертикален агол на закосување (сечило за пила) (види слика A)

Вертикалниот агол на закосување може да се постави во граници од -2° до 47°.

Напомена: Доколку целосно го олабавите лостот за блокада, сечилото за пила ќе се навали во положба од околу 30° под влијание на гравитацијата.

За брзо и прецизно подесување на вертикален стандарден агол 0° и 45° предвидени се фабрички поставените граничници ((59), (62)).

Подесување на хоризонталниот агол на закосување (аголен граничник) (види слика B)

Хоризонталниот агол на закосување може да се поставува во еден опсег од 60° (на левата страна) до 60° (на десната страна).