Монтирање на заштитен уред
- Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна.
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на работата или при оштетување на уредот за прифат на заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати во сервисната служба, за адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети при користење“.
Поставете ја заштитната хауба (6) на грлото на вретеното. Прилагодете ја позицијата на заштитната хауба (6) според потребите на работниот процес и фиксирајте ја заштитната хауба (6) со завртката за фиксирање (7).
- Поставете ја заштитната хауба (6) на тој начин што ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето што ја користи.