Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
- Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
- Погрижете се за добра проветреност на работното место.
- Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
- Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Приклучување на всисувач за прав (види слика C)
Вметнете го адаптерот за системот за всисување прав (3) во демонтираниот граничник за длабочина (2). Монтирајте го граничникот за длабочина со адаптерот со завртката за прицврстување (9) на електричниот алат.
Вметнете црево за всисување (Ø 35 mm) (15) (опрема) во монтираниот адаптер (3). Поврзете го цревото за всисување (15) со всисувач за прав (опрема). Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова упатство.
Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален всисувач.