Употреба со соодветна намена

Уредот за всисување е наменет за вовлекување на правта при дупчење во бетон или ѕидни конструкции.

Уредот за всисување смее да се употребува само со следните чекани за дупчење:

  • GBH 18V-28 D
  • GBH 18V-28 DC

При дупчење во дрво, камен, метал или пластика, не смее да се користи уредот за всисување.

Напомена: Овој уред за всисување е наменет само за повремено дупчење со помал дијаметар. За долго работење и/или дупки со голем дијаметар, користете ги уредите за всисување GDE 16 plus или GDE 68 со надворешен всисувач за прашина, на пр. GAS 35 M AFC.