Начини на работа

Мерниот уред има повеќе начини на работа, кои може да ги промените во било кое време:

  • Режим на вкрстени линии: мерниот уред генерира хоризонтална и вертикална ласерска линија нанапред. Ласерските линии се вкрстуваат под агол од 90°.
  • Хоризонтален линиски режим: Мерниот уред произведува хоризонтална ласерска линија нанапред.
  • Вертикален линиски режим: мерниот уред генерира вертикална ласерска линија нанапред.
    При позиционирање на мерниот уред директно на ѕид, вертикалната ласерска линија произведува речиси целосна кружна ласерска линија (360°-линија).

За да го смените режимот на работа, притиснете на копчето за режим на работа на ласерот (2) додека ласерските зраци не се создадат во посакуваниот режим на работа.

Сите начини на работа се можни со автоматика за нивелирање, како и со функција за навалување.